Македонија
15. July 2021 - 14:05

Поради сообраќајка краток застој на сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Делчево

Поради сообраќајна несреќа краток застој на сообраќајот на магистралата А3 спроти бензинската пумпа на Дади Компани на влезот во Делчево.

Како што информираа од делчевската полиција, во сообраќајката учествувале патничко возило „опел корса“ со делчевски регистерски таблички и скутер, сопственост исто така на жител од Делчево.

Додаваат дека при инцидентот нема повредени лица.

Апелираа на почитување на сообраќајната сигнализација, како и на поседување на задолжителната опрема од страна на сопствениците на моторни возила со помала кубикажа.