-->
-->
Поради високите температури зголемен ризик од пожари
-->
Поради високите температури кои се очекуваат овие денови се зголемува ризикот од избувнување пожари на отворени места. Центарот за управување со кризи упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети на отворени места или при работни активности во шумите и други локации кои се со обрасната или необрасната шума и да не користат запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.
Ги потсетуваме граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи.
Истовремено укажуваме да се почитуваат и препораките за спречување на штетните ефекти од надворешните високи температури врз здравјето на луѓето, препорачани од страна на Министерството за здравство на, Институтот за јавно здравје и Центрите за Јавно здравје”, се вели во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година