Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода

Поради зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа, утре ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во делови од општина Центар, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.
Оттаму соопштуваат дека од ЕВН Македонија информираат дека поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, без труја ќе останат корисниците од улицата „Наум Наумовски Борче“ и дел од улицата „Ленинова“, утре во периодот од 07:00 до 09:00 часот.
Воедно, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека утре ќе има прекин во водоснабдувањето на улицата „Црвена вода“ поради отстранување дефект на водоводната мрежа. Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Истиот ден, поради изведување водоводен приклучок на улицата „20 Октомври“ б.б., од 10:30 часот до завршување на работните активности, без вода ќе останат дел од корисниците на оваа улица, исто така во општина Центар.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ не учествува на комисијата за новиот заем од 260 милиони евра
-

Собраниска дебата за европската интеграција на Македонија
-

Сали: Реформите ќе се спроведуваат со уште позасилено темпо
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
