Поради зголемен број болни од грип во Србија продолжен зимскиот распуст за учениците
Поради зголемениот број болни од грип во Србија, училишниот распуст ќе биде продолжен, јавија српски медиуми. Првиот учебен ден ќе биде 11 јануари наместо 9 јануари, соопшти Министерството за образование. Одлуката е донесена по консултации со Министерството за здравство.
За време на новогодишните празници во Србија се зголеми бројот на болни од грип, а во некои болници е воведена забрана за посети како превентивна мерка.
Само во Белград од респираторни инфекции од 26 декември досега се заболени над 30 илјади луѓе.
Министерствата за образование и за здравство дополнително ќе разговараат и за продолжување на тој рок доколку епидемијата се прошири. Според српски медиуми, една од опциите е распустот да биде продолжен за вкупно седум дена, односно децата да тргнат во школо на 16 јануари.
Одлуката ќе зависи од понатамошниот развој на епидемиолошката ситуација и новиот состанок на Министерството за образование и Министерството за здравство закажан за в понедленик.
Надлежните соопштија дека најмногу заболени има меѓу предшколските деца и децата кои одат во основно училиште на возраст од пет до 14 години – околу 12.000, додека меѓу средношколците има инфицирано околу 3.000.
Од почетокот на сезоната во Институтот за јавно здравје на Србија пријавени се 50.473 инфицирани од грип и респираторни инфекции што е зголемување број во однос на истиот период минатата година. Епидемии се пријавени во Панчево, Белград, Пожаревац...
Ново на Сител
-
Регионален центар за управување со отпад за истокот и североистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се најде ли натпартиски консензуз за уставните измени со одложено дејство
-
Тема на денот со министерот за култура, Зоран Љутков
-
ДМ Дрогерие Маркт донира над 200 диспанзери со хигиенски влошки за јавни универзитети
-
Пораката од таткото на Вања: „Кажете само колку пари треба?“
-
ЛКМ: Прво Таравари да достави решение кој е одговорен па потоа комората ќе постапува
-
Менаџментот на Детска клиника одлучи