Балкан
25. March 2016 - 11:43

Порака на Каменос по повод Денот на незавосноста на Грција

Грција мора да се справи со предизвиците со кои се соочува со одлучноста и гордоста што доаѓаат од грчката револуција во 1821 година, изјави грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во пораката по повод Денот на независноста на Грција, 25 март.

- Водени од наследствата од 1821 година, со гордоста што се храни од сеќавањата на историјата и долгот кон татковината, мора одлучно да се соочиме со предизвиците и да ја обезбедиме земја со перспектива и динамика што ги заслужува, се вели во пораката на Каменос.

- Денес, нашата земја се тестира во услови на финансиска криза и, исто така, поради долготрајните конфликти на Блискиот Исток, презедовме огромен и несразмерен товар на управување со големи миграции и прилив на бегалци во Европа, додаде тој.