Поранешен началник на Одделение за лично обезбедување на министри лажирал работни часови на вработени

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава за кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 став 1 од КЗ на РСМ, против Б.М., во моментот на работно место главен инспектор во Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на РСМ и други личности при ОЗОЛО.
Во февруари 2024 година пријавениот како началник на Одделение за лично обезбедување на министри, поранешни претседатели на РСМ и други личности при ОЗОЛО, во евиденцијата за распоред на работни часови за месец февруари, иако знаел дека за две вработени нема изготвени наредби за работа подолга од полното работно време, евидентирал 32 часа, односно 28 часови прекувремена работа и изработил список за исплата на плата за месец февруари во кој ги евидентирал.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
