Поранешен советник на Трамп ќе одговара пред Комитетот за разузнавање на Конгресот
Поранешниот советник на Доналд Трамп, во текот на предизборната кампања, минатата година, Пол Менафорт се согласил да биде испрашуван пред Комитетот за разузнавање на Конгресот на САД, околу сомничењето за врските на изборниот тим на Трамп со Русија.
Претседателот на Комитетит, Девин Нунес изјавил за американските медиуми дека Менафорт доброволно се понудил да учествува во новата истрага.
Нунес претходно „се судри“ со претседателот на САД, откако категорично изјави дека „немало никакво прислушување во Трамп Тауер“.
- Такво нешто воопшто не се случило, рече Нунес за домашните медиуми, додавајќи дека луѓето на Трамп веќе ги имаат симнато своите маски , додека биле надгледувани од странските лица.
Медиумите претходно открија дека Менафорт бил ангажиран од рускиот милијардер Олег Дерипаска, за да помага во кампањата за потребите на политиката на претседателот Владимир Путин.
Менафорт, кој ќе биде испрашуван околу овие тврдења во медиумите, веќе ги има демантирано таквите пишувања. Тој признава дека работел за Дерипаска, кој е близок сојузник на Путин, но се брани дека никогаш нема работено за руски интереси.
Во кампњата за номинација на Доналд Трамп, како републикански кандидат, за претседател, Менафорт работеше од март до август минатата година, кога мораше да поднесе оставка и да го напушти тимот на Трамп.
Оставката уследи откако медиумите открија дека до 2014 година, бил главен координатор на една тајна лоби операција во Вашингтон во корист на проруската, тогаш владејачка партија во Украина, а против опозицијата.
Претседателот на Комитетот Девин Нунес соопшти дека повторно на сослушување биле повикани генералниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, како и шефот на НСА, Мајк Роџерс, за како што е речено, давање дополнителни информации, овојпат на затворени седници.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена