Поранешниот британски премиер Џон Мејџор со критика поради нералните очекувања од Брегзит
Поранешниот британски премиер Џон Мејџор остро ги критикуваше подготовките на Велика Британија за излегување од Европската унија, нагласувајќи дека Владата треба да понуди „поголема убедливост и помала евтина реторика“, доколку сака да постигне добра спогодба.

Мејџор, кој ја предводеше владата на конзервативците од 1990 до 1997 година ги обвини политичарите, кои го поддржуваат Брегзит дека им создаваат нереални очекувања на Британците за живот надвор од ЕУ.
Во говор во лондонскиот центар за надворешно-политички истражувања „Четам хаус“ поранешниот премиер ја означи како мошне оптимистичка целта на Владата за две години да ги уреди усовите за одвојување од ЕУ и да изгради нови односи со Унијата.
Мејџор нагласи дека на избирачите треба да им се даде поточна претстава за „траењето и сложеноста на големиот настан, кој претстои“.
Тој рече дека постои реална опасност Велика Британија да не добие спогодба за слободна трговија со ЕУ, која Владата ја сака.
Мејџор уште предупреди дека напуштањетпо на 28-члената Унија ќе го ослабне гласот на Велика Британија во светот и ќе ја направи позависна од новиот претседател на САД, Доналд Трамп.
Ново на Сител
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
