Поранешниот генерал Павел е избран за нов претседал на Чешка
Новиот претседател на Чешка, пензионираниот генерал Петр Павел (61), вчера упати апел до Чесите да не се чувствуваат поразени доколку не гласале за него, бидејќи има намера да разговара со сите кои имаат идеи и решенија, и дека победиле демократските и граѓанските вредности.
„Знам дека многумина се разочарани затоа што нивниот кандидат не победи. Не гледам победници или губитници во оваа земја. Победија вредностите како што се вистината, достоинството, почитувањето и покорувањето. Убеден сум дека сакаме Чешка каде не владее лошо расположение, како што тоа го означи Вацлав Хавел, туку во која владее доброто расположение“, рече Павел на прес-конференција.
По пребројувањето на гласовите од 99 отсто од избирачките места, генералот Павел освоил 58,12 отсто од гласовите, додека противникот, поранешниот популистички премиер, сега лидер на опозицијата, петтиот најбогат тајкун во Чешка, Андреј Бабиш. (68), освои 41,87 отсто од гласовите, а излезноста достигна речиси 70 отсто од 8,25 милиони регистрирани гласачи.
Бабиш му ја честиташе победата на генералот Павел, го призна поразот и му посака да биде сечиј претседател, да ги слуша проблемите на сите и да се бори за чешките национални интереси. „Би ги замолил нашите поддржувачи да прифатат дека сум поразен и да прифатат дека имаме нов претседател“, изјави Андреј Бабиш.
Петр Павел ќе положи заклетва на 9 март, бидејќи два дена порано истекува вториот, според Уставот, последен мандат на претседателот Милош Земан.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево