Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти ја најави својата смрт

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаестти, кој во април треба да наполни 91 година, во писмо упатено до италијанскиот весник „Кориере дела сера", најавува дека се подготвува за „своето последно патување".
– Полека останувам без физичка сила и внатрешно сум на аџилак кон Божјата куќа, напиша папата Јозеф Рајцингер, по објавените информации дека неговата здравствена состојба се влошува.
Тој натаму во писмото нагласува дека за него претставува „голема милост затоа што на последниот дел од патот, кој понекогаш е заморен, е опкружен со љубов и добрина, какви што не можел ни да змаисли".
Рајцингер поднесе одтавка на местото поглавар на Римокатоличката црква во февруари 2013 година. Од тогаш тој живее во еден мал манастир во Ватикан, опкружен од неколку калуѓерки и неговиот личен секретар Георг Гансвајн.
Анонимен висок претставник на Ватикан шред неколку дена изјави дека поранешниот папа „повеќе не може да се служи со рацете, не може да свири клавир и има ослабен вид, но е совршено свесен и се сеќава на се".
Ова не е прва најава на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти на неговата смрт. Пред две години тој објави дека „се гаси како свеќа, полека и мирно".
Ново на Сител
-

Најчести грешки на патниците при летање со авион
-

Мицкоски: СДСМ и Левицата нека ги повлечат амандманите за Изборниот законик, ги поднесоа за да го спречат гласањето во дијаспората
-

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола
-

МВР објави оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште
-

Ѓорѓиевски: Се руши тобакото „Али Тобако“ кај Бит Пазар
-

Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
