-->
-->
Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
-->

Кривичен суд во Дамаск денеска, во отсуство, го осуди поранешниот сириски претседател Башар ал Асад на смрт, откако го прогласи за виновен за убиство со умисла на повеќе лица, меѓу кои и деца, тортура, произволно лишување од слобода и злосторства против човештвото.
Судијата Ал Аријан од Четвртиот кривичен суд во Дамаск изјави дека врз основа на сослушаните сведочења е утврдено оти Асад ги користел сите државни институции за олеснување на овие дела, делувајќи како „највисок носител на одлуки“ во извршувањето на злосторствата.
Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад живее во осамен луксуз во Москва, Русија, откако избега од Сирија на 8 декември 2024 година, по падот на неговиот режим.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
