Поранешниот заменик-премиер на Каталонија останува во затвор
Судијата на шпанскиот Врховен суд Пабло Ларена денеска донесе одлука да останат во притвор разрешениот заменик-премиер на Каталонија, Ориол Жункерас и уште тројца обвинети каталонски сепаратиситчки лидери во врска со обидот за независност на автономната област.
Во затвор, покрај Жункерас, ќе останат и поранешниот претседател на советот за внатрешни работи на Каталонија, Жоаким Форн, како и Жорди Санчес и Жорди Куишарт, претседатели на сепаратистичките организации Каталонско национално собрание и Омниум Културал.
Судот ја образложи оваа одлука со „ризик да го повторат делото“.
Шестмина други уапсени ќе бидат ослободени со кауција од по 100.000 евра за секого.
Пред белгиски судија денеска треба да се појават и претседателот на разрешената каталонска Влада, Карлес Пуџдемон и уште четворица членови на неговиот регионален Кабинет. Судијата треба да одлучи дали Пуџдемон и неговите приврзаници ќе бидат предадени на Шпанија, која издаде наредба за нивно апсење.
Овие судски одлуки се чекаат со големо внимание затоа што се очекува „репресиите“ на шпанската држава, чии жртви се овие „политички затвореници“, да бидат главна тема на политичкиот блок кој сака независност на Каталонија во кампањата за регионалните избори што почнува денеска.
Регионалните избори во Каталонија ќе се одржат на 21 декември.
Ново на Сител
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група