Ракомет
6. January 2018 - 9:21

Пораз на Црна Гора и победа на Германија на контролните дуели

Во рамките на подготовките за ЕП во Хрватска македонските ракометари постигнаа две победи во Белград совладани беа Саудиска Арабија (37:21) и Србија (32:29).

Синоќа натпревари одиграа и дел од нашите ривали од групата. Црна Гора загуби на гостувањето во Сплит од домаќинот на шампионатот Хрватска со 25:22.
Европскиот првак Германија немаше многу проблеми со Исланд и на домашен терен победи со 36:29.
Нашиот прв ривал Словенија, која има неколку играчи на листата на повредени контролен натпревар ќе одигра на само три дена пред дуелот со Македонија. Словенија на 10.јануари е домаќин на Србија во Велење.