-->
-->
Порази на Ѓорческа и Јотовски во четвртфиналето
-->

Лина Ѓорческа и Томислав Јотовски не успеаја да се пласираат во полуфиналето на фјучрс турнирите на кои настапуваат. Ѓорческа на фјучрсот во Италија загуби со 2-1 во сетови од Ирина Бара од Романија. Првиот сет со 6:1 во гемови и припадна на Ѓорческа. Таа го доби и првиот гем во вториот сет, а потоа следуваше пад во играта и ги загуби следните 12 гема и Бара го доби мечот освојувајќи ги сетовите со 6:1 и 6:0. За пласманот во четвртфиналето Ѓорческа ќе освои 9 поени.
Томислав Јотовски загуби во 1/4 финалето на фјучрсот на Бол на Брач од хрватскиот тенисер Нино Сердарушиќ (седми носител) со 2-0 во сетови (6:0 и 6:3). Овој меч се играше на централниот терен, а Јотовски, кој го загуби првиот сет имаше водство од 3:1 во вториот сет но немаше можност да направи пресврт. Јотовски за настапот во 1/4 финалето ќе освои два поена.
Во текот на следната недела Ѓорческа е пријавена да игра на фјучрс во Египет (100.000 долари награден фонд), а Јотовски има уште еден фјучрс на Брач (10.000 долари).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
-

Александар Вучиќ покренува подкаст
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
