Порибени Радика и Мавровско Езеро со 20 илјади подмладок автохтона пастрмка
Реката Радика и Мавровско Езеро денеска беа порибени со 20 илјади парчиња автохтона пастрмка.
Порибувањето го изврши Националниот парк „Маврово“.
- Оваа активност е во рамките на годишната програма и ова е второ по ред порбување годинава. Правта акција за порибување беше реализирана во пролетта, кога во водите на Радика и Мавровско езеро беа пуштени исто така 20 илјади парчиња автохтона пастрмка, или како што е попозната како радичка пастрмка, која има свои карактеристики познати во домашната и меѓународната јавност, изјави Онер Јакупоски директор на НП„Маврово“.
Тој посебно го нагласува вниманието и грижата која Националниот парк ги посветува на збогатувањето и заштитата на рибниот фонд во овие ревири.
Подмлдокот на автохтоната пастрмка е набавен во мрестилиштето „Шум“ од Струга.
Ново на Сител
-
Преглед на вести од светот
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб