Пороен дожд и грмежи во западна Македонија и Скопско
До крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја во западна Македонија, а од нестабилност ќе бидат зафатени и делови од Скопското подрачје. Во вечерните и ноќните часови времето постепено ќе се стабилизира, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Локален пороен дожд со грмежи УХМР регистрираше попладнево во делови од Пелагонија, во Охридско-Преспанскиот регион, во планинските делови од Охрид, преку Кичево до езерото Козјак и Јакупица, како и изолирана појава во планинските делови од источна Македонија. Во овие моменти појава на нестабилност има и на Скопска Црна Гора.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 21, а дневната од 30 до 37 степени и вредност на УВ индекс 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.
Во следниот период подрачјето на Македонија ќе биде под периферно влијание на релативно влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови времето во поголемиот дел од земјава да биде сончево со мала до умерена облачност, но во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Овие процеси повеќе се очекуваат на планините во западните и јужните делови од земјава и според сегашните согледувања нема да бидат интензивни.
Ново на Сител
-
Автобус падна во длабока провалија во Пакистан, најмалку 20 загинати и 21 повреден
-
СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста