Македонија
25. July 2020 - 21:36

Пороен дожд проследен со силен ветер доцна попладне го зафати регионот на Струмица

Пороен дожд проследен со силен ветер доцна попладне го зафати регионот на Струмица. Големи материјални штети нема, но дел од улиците повторно беа поплавени. Најпогодени беа пониските делови од градот, посебно улицата Младинска . Вода навлезе и во подземната гаража под плоштадот во Струмица од каде се извлекуваше со пумпи,а од неколку постари куќи беа разлетани керамиди од силниот ветар.

До надлежните институции до сега само еден граѓанин пријавил дека има потреба од интервенција на пожарникарите заради извлекување на вода од куќата.

Веднаш на терен излегоа и екипи од Комуналец кои интервенираа за отстранување на последиците од силниот дожд и ветер.

Невремето беше проследено и со силни електрични празнења поради кои од удар на гром беше погодена викендичка на браната „Водоча“, но за среќа нема жртви и повредени. Според информациите од против пожарната единица граѓаните кои престојуваат таму сами го изгаснале пожарот од кој бил зафатен само еден кревет.