Порше започна со производство на мед
Компанијата Порше е позната по тоа што прави квалитетни спортски и луксузни автомобили. Овојпат, германската компанија изненади со нешто поинакво.
Имено, како дел од својата програма за одржлив развој, Порше го претстави својот нов - мед.
Над 25 пчелни колонии се веќе сместени близу фабриката на компанијата во Лајпциг, источна Германија. Иако кошниците се поставени во мај годинава, досега има 1,5 милиони пчели, коишто веќе произвеле околу 400 килограми мед.
Медот се продава под брендот „Турбиншен“.
Пчелите се само еден во низата еколошки проекти, кои ги спроведува автомобилскиот бренд. Во 2002., тие направија фарма со понија и бикови, каде што сега живеат и елени, птици и зајаци. Порше се одлучи за поддршка на пчеларството, оти паразитите, пестицидите и намалувањето на пчеличниот биотоп, придонесе за драстичен пад на бројот на пчели во Германија.
Порше натаму, веќе за нареднава година планира и да ги прошири своите колонии пчели.
Ново на Сител
-
Приведени 7 полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот