Македонија
5. July 2023 - 13:30

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради доаѓањето на Еди Рама

Албанскиот претседател Еди Рама утре доаѓа во посета на Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека во Скопје на 06.07.2023 (четврток), поради посетата на албанскиот претседател од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај. За сообраќај ќе бидат затворени следните сообраќајници: бул.„Александар Македонски“, ул.„Беласица“, бул.„Гоце Делчев“, бул.„Климент Охридски“, ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, дел од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“.

- Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, информира МВР.