Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што информираат од МВР во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: булеварит „Партизански Одреди” од крстосница со улицата „Франклин Рузвелт” до крстосница со булеварор „ВМРО”; булеварот „Св.Климент Охридски” од крстосница со булевар „Илинден” до крстосница со улицата „Димитрие Чуповски” и улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со улицата „9-ти Мај” до кружна крстосница со улицата „Св. Кирил и Методиј”.
На возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по булевар „Илинден” и преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди”, додека автобусите кои што минуваат преку центар ќе се движат по улуцата „М.Т.Гологанов” па преку улицата „Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на булеварот „Партизански Одреди” и во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори улицата „Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со булевар „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.
Од МВР информираат дека по потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти и апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Ново на Сител
-

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја
-

Шкендија убедлива со Шкупи, Струга поразена дома од Тиквеш
-

Израелската амбасадорка ги поздрави акциите на македонските власти за истрагата на обидот за палење на синагогата
-

Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка
-

Приведен жител на неготинско Пепелиште, алкохолизиран и со забрана за управување возило удрил во пешак
-

МВР: Лишени од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, осуммина возеле без дозвола, од кои еден малолетник
-

Папата Лав XIV му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот
-

Туск: Европа не е осудена на авторитаризам по изборите во Унгарија
