Посебен режим на сообраќај за велигденските празници во Скопје
Утре и задутре, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Во сабота (15.04.), во периодот од 18.00 часот па до завршување на манифестацијата „Воскресение Христово – Велигден“, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници:
•бул. „Св.Климент Охридски“, од раскрсницата со бул. „Илинден“ до раскрсницата со ул. „Димитрие Чуповски“
Возилата од јавниот градски сообраќај (автобусите) кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев“ ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, пото по ул. „Френклин Рузвелт“ и ќе се приклучуваат на бул. „Партизански одреди“.
Истите сообраќајници ќе ги користат и автобудите кои сообраќаат во спротивна насока. Исто така, во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе се затвори ул. „Македонска војска“, пред црквата „Свети Петар и Павле“, на потегот од крстосницата со бул. „Партизански одреди“ до ул. „Ѓорче Петров“. Во општина Аеродром, пак, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
Доколку се појави потреба, за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници околу верските објекти.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
