Посебен режим на сообраќајот во Скопје
– Поради одржување на трките од „Виз Ер Скопски маратон“, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото подрачје на град Скопје, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Почетокот на трките е најавен во 07.30 часот, со следните траси на движење:
Траса на движење на трката од 5 км: Старт пред Собрание, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, па полукружно на крстосницата помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“.
Траса на движење на полумаратонот од 21 км и штафетната трка на 42 км (со напомена дека за штафетната трка на 42 км натпреварувачите се движат два пати по наведената траса): Старт пред Собрание на ул.„11 Октомври“, право кон Плоштад Македонија низ Порта Македонија, лево по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, па лево по бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Св.Кирил и Методиј“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, потоа право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, сѐ до крстосница со ул.„Исаија Маџовски“, каде се врти полукружно назад по истата траса, сѐ до Собрание на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по бул.„Србија“ (во спротивен правец), лево по бул.„Јане Сандански“ (во спротивен правец), сѐ до крстосницата со ул.„Јане Сандански“, каде се врти полукружно по истите улици до целта – Плоштад Македонија.
Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде ќе се одвиваат трките со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
