Посебен сообраќаен режим во Центар од 8:30 до 10:30 часот
Поради уличната трака насловена „Халк Еко Скопје трча 10К“, организирана од страна на Сојуз на спортови на Скопје, денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во Центар, од 8:30 до 10:30 часот.
– Натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево во продолжение до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз гледано кон Ѓорче Петров) до Влајков Мост каде што вртат полукружно и назад во истиот коловоз до крстосница со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“, во Скопје. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-
Пожар под Калето во Скопје, интервенираат четири противпожарни возила
-
Истрага за убиството во Батинци
-
Претежно стабилно и топло време по продолжениот викенд
-
Запалена спортска обложувачница во Бутел - Пожарот го зафатил и соседниот објект
-
Пронајден 61-годишен маж во безсознание на клинички – По кратко време починал
-
Кампањата на Камала Харис во јули собра 310 милиони долари
-
ИЈЗ: По проверките, сите реагенси од исклучените фрижидери се функционални
-
Гаши: Заложбата на Илинденците трае и денес, треба да не обедини патриотизмот и заедничка цел за подобра држава