Македонија
24. November 2023 - 8:49

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради протести

Поради одржување на два најавени протеста, денеска од 11 до 14:30 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на градот, информираше Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвиваат протестите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.