Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина, односно за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за половина денар и ќе изнесува 69 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар и ќе чини 69 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и остануваат 77, односно 79 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,360 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 43,933 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,588 отсто, додека кај дизелот има зголемување за 0,862 отсто, кај екстра лесното масло за 0,267 и кај мазутот за 2,909 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е повисок за 0,6829 отсто.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
