Македонија
28. December 2015 - 12:52

Поскапување на цигарите во Македонија од следната година

Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, од први јули 2016-та година е предвидено поскапување од три денари за кутија цигари.
 
Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.
 
Ова е последно поскапување за 3 денари. Од наредната година кутијата цигари секое лето ќе поскапува по 4 денари. Така ќе биде во наредните 7 години.
 
Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така кутијата цигари која денес  чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.