Поскапувањето на струјата се поизвесно
Се поизвено станува поскапувањето на струјата.
Според информации на Сител, Мепсо ќе бара двојно зголемување на цената за преносот кој го врши.
Од компанијата посочуваат дека причината за 100 процентното поскапување се намалените приходи по основ на прекуграничните преносни капацитети и новите правила за балансирање кои се во согласност со ЕУ регулативите. Уделот на Мепсо во крајната цена на струјата која ќе ја плаќаат граѓаните е најмал и изнесува 3, 5 проценти, најголемо учество има ЕСМ 43 отсто, потоа следи Електро дистрибуција со 36 проценти и обновливите извори со 7,3 отсто.
Енергетските компани веќе ги имаат доставено пресметките за трошоците до регулаторната комисија која треба да одлучи што е прифатено а што не како трошок. А следниот месец и државните електрани треба да понудат нова цена на тендерот на ЕВН ХОУМ по која ќе ја продаваат произведената струја.
Нова корекција на цената на електричната енергија ќе има до крајот на јули. Лани поскапе за 7,4 проценти на барање на државните енергетски компании.
Ново на Сител
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
