Последен ден од Минхенската безбедносна конференција

Конференцијата за безбедност во Минхен (МСЦ) влегува денеска во својот трет и последен ден.
Европската безбедносна архитектура, побрз пристап во ЕУ за балканските држави и конкурентноста на Европа се на агендата на последниот ден од меѓународната средба во главниот град на Баварија.
Од петокот, во дебатата доминира курсот на новата американска администрација во војната во Украина и споровите околу европското учество во преговорите за мир.
На првиот ден од конференцијата, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс остро ги критикуваше европските сојузници, обвинувајќи ги за ограничување на слободата на изразување и загрозување на демократијата.
Меѓу другото, тој го критикуваше исклучувањето на екстремно десничарската Алијанса за Германија (AfD) и популистичката алијанса Сахра Вагенкнехт (BSW) од безбедносната конференција и генерално се спротивстави на исклучувањето на партиите.
Претставниците на германската влада го отфрлија тоа, јави ДПА.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
