Последен пат годинава ќе се поднесува годишна даночна пријава

Граѓаните годинава последен пат ќе поднесуваат годишна даночна пријава во Управата за јавни приходи за остварени дополнителни приходи во текот на претходната година. Според измените на Законот за персонален данок на доход, кои стапија на сила од 1 јануари оваа година, од следната година, ќе добиваат пополнета годишна даночна пријава што ќе ја издава Управата за јавни приходи, а даночниот обврзник само ќе ја потврдува.
За приходите остварени во 2017 година даночните обврзници може да поднесат годишна даночна пријава до 15 март оваа година. ГДП може да се достави на шалтерите на УЈП, електронски или по пошта. Граѓаните имаат обврска да пријават доколку оствариле приходи од издавање под закуп на станбен објект или хонорар по основ на авторски договор, за остварена добивка од наградна игра над 5.000 денари, дивиденди.... Даночниот обврзник не поднесува годишна даночна пријава доколку остварува приход само од плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.
Ново на Сител
-

Верските заедници ја поддржуваат трансплантацијата на органи
-

Срушениот потпорен ѕид на штипска Клиничка отворена закана за пешаците и возачите
-

Преглед на вестите од светот
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
