Македонија
30. јуни 2026 - 10:42

Последен поздрав за Владо Јаневски вечерва пред арената „Борис Трајковски"

Граѓаните, уметниците, колегите и семејството вечерва во 20 часот пред платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“  ќе му оддадат последна почит на еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци , Владо Јаневски.

Настанот е во организација на продукцијата „Прагма“, која ги повика сите што ја сакаат музиката на Јаневски да бидат дел од вечерта исполнета со спомени и емоции.

„Да го испратиме со песна, тишина и љубов. Неговите мелодии ќе останат да живеат, бидејќи големите уметници никогаш не исчезнуваат“, порачаа организаторите.

Тој почина на 65 годишна возраст, а погребот ќе биде во среда на градските гробишта Бутел.

Ново на Сител