Последна исповед на Јованка Броз: Тито го киднапираа, го вратија по 13 дена, но како друг човек
Сценаристот и уредник, Милан Шарац овие денови ја потпишува монодрамата „Јас, Јованка Броз“ која по се изгледа ќе предизвика шок во јавноста.
Монодрамата е претсмртна желба и порака на првата дама на големата Југославија, исповед која е дадена неколку месеци пред својата смрт.
Шарац откри неколку интересни детали за медиумите.
Тој вели дека Јованка му зборувала на Тито да ги предаде остатоците од Дражен на неговото семејство.
„Нека го закопа неговото семејство каде што сака. Секогаш му го зборував тоа, не само околу тоа во кое што е вмешуваше народот, па го убедував дека тоа е најдобро решение. За жал, не успеав да го убедам.“
Таа во својата исповед на Милан Шарац открила и детали од времето кога започнал „нападот“ да ја одвојат од Тито.
„Дојдов во резиденцијата, а Тито го немаше. Исчезна. Каде е? Никој ниту збор да каже. Него го немаше 13 денови. Бев во шок. Не можев на никој ништо да кажам, мислам на светската јавност, ниту самата да го барам. Замислете, држава без свој претседател. Исчезна човекот во бел ден. Кога го вратија, тој не беше мојот Тито. Тоа беше првиот ден од нашето конечно одвојување. Каде бил? Кој го киднапирал? Му го кажав тоа на Радо Чечур, мојот шеф на обезбедување.“
Во монодрамата ќе се види дека вдовицата на Тито никогаш не се откажала од својата православна вера. Без оглед на режимот во чии корени бил атеизмот. Шарац сведочи дека од него Јованка барала да се сретнат, па да го посети митрополитот. Тоа и се случило и таа се видела со Амфилохие Радовиќ.
„Дали му кажала нешто Јованка не знам, но мене ми рече дека тој ќе ја служи кога ќе дојде моментот на нејзиното заминување во вечноста. Митрополитот тогаш не беше во Србија, но по неколку денови од погребот на Јованка, тој служел во куќата на цвеќето.“
Од големиот материјал кој не влегол во сценарието, Шарац за медиумите одвои и дека Јованка го поддржувала семејството на Милошевиќ кој тогаш бил суден од хашкиот трибунал.
„Јованка во еден момент, целосно спонатно, рече: Мој Милане, гледаш ли како зборуваат лаги за тоа дека таткото на Милошевиќ се самоубил. Дека се обесил. Тоа не е вистина, него го убиле поради тоа што бил руски човек. Тој ја сакаше Русија.“
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата