Последна надеж за Шумахер - возачот на Формула 1 повторно на операција

Седумкратниот светски шампион и според многумина најдобриот Формула 1 возач на сите времиња, 48 годишниот Михаел Шумахер веќе 4 години е во кома, откако доживеа трагичен пад на скијање во француски Мерибел во 2013 година.
Неговото семејствого вложи скоро целиот заштеден имот за лекување, неговиот дом во Швајцарија го посетија голем број на најдобри светски специјалисти, но никаква терапија не предизвика будење од комата.
Иако неговото семејство молчи, инсајдерските информации цело време излегуваат, Шведскиот весник Експресен сепак успеал нешто да дознае. Тие тврдат дека лекарите ќе пробаат уште една операција, после што ќе кренат раце од понатамошно лечење ако ова не вроди со плод.
Шумахер би требало наскоро да се пресели во Далас, каде за него ќе се грижи еден од најценетите невролози, доктор Џулијан Микс.
-Имам многу искуство со такви пациенти. Се сомневам дека некој во Европа лечел такви пациенти повеќе од мене, вели Микс за германскиот весник Браво.
Ново на Сител
-

Годинава се очекуваат рекордни количини на тутун од над 31 милион килограми
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
