Последни денови за пријавување за намалување на сметките за струја за ранливи потрошувачи
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1 000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја.
Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април.
-Граѓаните кои ги исполнуваат критериумите се охрабруваат да аплицираат навреме и да не ја пропуштат оваа можност да си ги намалат трошоците за електрична енергија во текот на цела година. Право на поддршка имаат домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42 000 до 80 000 денари, според бројот на членови), згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од 42 000 до 160 000 денари), информира Министерството.
Барањето се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2), достапен во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk, придружено со изјава заверена на нотар за точност на доставените документи, копија од Решение за посебен додаток или надоместок за згрижување, копија од последна сметка за потрошена електрична енергија, копија од лична карта на подносителот и доказ за членовите на домаќинството.
За дополнителни прашања и информации, граѓаните може да се обратат на ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk и на веб-страницата www.ea.gov.mk.
Министерството нагласува дека ги повикува сите што ги исполнуваат условите.
Ново на Сител
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци
-
Полицаец од Матејче крадел струја за неговата чајџилница
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Кошаркарската федерација ќе добие нов претседател
-
ПСЖ на чекор од финалето во Лигата на шампионите: Французите го победија Арсенал среде Лондон