Последните денови од животот на Оливер Драгојевиќ: Сопругата Весна си ја отвори душата

Сопругата на легендарниот Оливер Драгојевиќ, Весна, во трогателна исповед проговори за неговите последни денови.
Смртта на Оливер ги натажи сите негови фанови од регионот, но најмногу семејството, кое заедно со него цела година се бореа со туморот на белите дробови.
Неговата сопруга Весна, по еден месец од трагедијата раскажува за најтешките моменти пред смртта.
-Никој никогаш, нешто не рекол, па потоа да почине. Човек се гаси. Ете така е. Не постои простување. Последните три-четири дена тој не зборуваше, само спиеше. Беше оптимист до крај. По цели денови бевме со него во болница. Му правев ручек и му давав да јаде. Тоа е се што можев да направам. Му пуштавме песни кои сакаше да ги слуша. Се однесувавме како ништо да нема да се случи. Беше понекогаш малку подобро, па малку полошо. Не му зборувавме – сега е готово. За што да се зборува? Ние сме сложно семејство, нема кавги меѓу нас. Не остави без никакви долгови и скандали, се ни е во ред. Беше мирен. Знае дека ние сме добро, раскажа Весна Драгојевиќ за хрватскиот „24 часа“.
Оливер ја загуби битката по една година борба со тумор на белите дробови.
Ново на Сител
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
