Поставен камен-темелник за градинка во Новаци

Во Новаци денеска беше поставен камен темелник за изградба на првата детска градинка во оваа општина. Инвестицијата е вредна околу 6,5 милиони денари. Во градинката ќе можат да бидат згрижени 100 деца од предучилишна возраст.
- Министерството за труд и социјална политика ќе ја преземе обврската за опремување за новата градинка, а општината ќе инвестира во изградба објектот. Градинката треба да биде изградена до крајот на годината очекуваме да создаде капацитет за сместување и згрижување на 100 дечиња од предучилишна возраст што позитивно со оглед на фактот што во поголем број мали населени места родителите имаат барање за отворање градинки каде што ќе можат да ги згрижуваат своите деца, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на поставувањето на камен-темелникот.
Општина Новаци, додаде, е позитивен пример и по отворените пет центри за ран детски развој коишто функционираат во изминатиот период во оваа општина, а коишто, како што рече, исто така се одлична форма за згрижување на дечињата од предучилишна возраст. Најави дека соработката на Министерството со општината ќе продолжи и натаму.
- Досега отворивме дисперзирано одделение на Центарот за социјални работи и дисперзирано одделение на Агенцијата за вработување. Ова е трет заеднички проект за изградба на една градинка во оваа општина. Верувам дека и понатаму ќе произлезат уште многу позитивни иницијативи и кои во соработка со градоначалникот ќе ги реализираме , потенцира Спасов.
Потсети дека изминатите години, од 2009 досега Владата на Република Македонија инвестирала во изградба на вкупно 46 детски градинки, а отворени се, како што рече, и над 26 центри за ран детски развој.
- Сите овие инвестиции влијаеја на зголемување на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст. Споредбено ако земеме во периодот од 2006 година околу 15 илјади дечиња беа згрижени во детските градинки, сега се над 38-39 илјади дечиња коишто се згрижени во детските градинки ширум Република Македонија. Ние имаме сериозен Акциски план за отворање на најмалку 10 градинки годишно во повеќе општини во Република Македонија каде што има потреба. Секоја година го даваме својот максимум и да го надминеме планираното, истакна министерот за труд и социјална политика.
За годинава, како што информира, се очекува да бидат отворени 12-13 објекти во повеќе општини каде што досега воопшто немало и со тоа, потенцира Спасов, ќе се продолжи подобрувањето на капацитетите за згрижување деца од предучилишна возраст.
Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски истакна дека градинката ќе биде од голема корист за жителите, бидејќи, како што рече, интерес за згрижување деца имало пројавено не само од Новаци туку и од другите села.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
