Поставен пешачки мост во Кавадарци
Пешачки мост е поставен на улицата „Шишка” во Кавадарци, согласно програмата за комунална изградба на таа општина.
Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираа дека изведувач на работите е фирмата „Метал Апостолов“, која согласно проектот изработи метална конструкција со скали и безбедносна ограда.
- Мостот е лоциран над улицата „Шишка“ во правец исток-запад, веднаш над Основен суд Кавадарци. Намената му е исклучиво за пешаци, пред се за учениците од населбата „Голи оток“ кои учат во ООУ „Тошо Велков-Пепето“. На источната страна ја спојува улицата „Вардарска“ со улицата „Нов Белград“ на запад, поточно со скалите кај Основниот суд, рече Јанчев.
Конструкцијата е висока 4,8 метри, долга е 21 метар, а широчината изнесува 1,5 метри, појаснија од градоначалничкиот кабинет. Со овој проект општината реализира едно долгогодишно барање на жителите. За изградбата на мостот се потрошени 700.000 денари.
Ново на Сител
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода