-->
-->
Поставена прва станица за полнење електромобили во Крива Паланка
-->
Општина Крива Паланка во соработка со ЕВН изгради електрична инфраструктура во рамки на проектот за развој на електромобилноста и постави станица за полење елекртични возила.
Станицата е поставена на главната улица ,,Св.Јоаким Осоговски“, на јавен паркинг на локација непосредно до Осички мост, пред Пензионерскиот дом.
- Користењето на овие возила е на самиот старт во земјава, сепак иднината на автомобилската индустрија во светот се заснова врз користење на обновливи извори на енергија, па затоа се надеваме дека употребата на електрични возила наскоро ќе биде помасовна. Тоа не е само од економски причини, туку користењето на овие возила ќе значи и еколошки здрава животна средина, што е нашата заложба, посочија од Општината.
Примената на обновливите извори на енергија е глобален тренд во автомобилската индустрија, а општина Крива Паланка следејќи го тој тренд се вклучува во мрежата на полначи, која се позабрзано се развива.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил
-
Пожари на Крит, Кос и Хиос
-
ЕУ ги враќа квотите и давачките за увоз на шеќер и јајца од Украина