-->
-->
Поставиле микрофон на најдлабокото место во океанот: Ги преслушале снимките и се шокирале
-->

За прв пат во историјата научниците успеале да стават микрофон на најдлабокото место во океанот, Маријанскиот Ров, кој се наоѓа на 11.034 метри под површината на морето.
За да го издржи притисокот од дури 1.086 бари, микрофонот бил обложен со титаниум и на дното од морето снимал звуци подолго од три недели.
Иако од најдлабокото место во океанот би очекувале целосна гробна тишина, не било така. Уште повеќе, научниците кои биле дел од овој проект тврдат дека снимиле серија различни звуци кои ги демантираат наводите за тивка бездна, пишува порталот „ABC”.
Роберт Дзиак од Националната администрација за океани и атмосфера набројал какви сè звуци слушнале.
„Станува збор за постојана бучава, некои од природни извори, некои како резултат од човечки активности. Најгласно се слушаат земјотресите, бидејќи Маријанскиот Ров е во нестабилниот „Огнен прстен на Пацификот“, а бучен бил и тајфунот од четврта категорија кој поминал над ровот. Освен тоа, ја слушнавме и песната на китовите“, вели Дзиак.
Целта на истражувањето била да се утврди прецизното ниво на бучава, за научниците во иднина со нови мерења да можат да утврдат дали тоа се зголемува или не. Идната година тиа планираат со микрофонот да спуштат и камера прилагодена за длабочината на океанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Светски ден на контрацепција: Современа контрацепција користат само 14% од младите жени
-

Мбапе ја напушти репрезентацијата и се врати во Мадрид
-

Хакерска група тврди дека има медицински картони на илјадници агенти на ФБИ
-

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија
-

Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневен прекин на огнот
-

Променливо облачно, со локален дожд
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
