Постигнат договор за откупната цена на оризот
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека е постигнат договор за откупната цена на оризот. На денешната средба во неговиот Кабинет е договорено откупните цени за крупните сорти да изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти, а за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти.
Како што наведува Трипуновски, овие цени ќе се зголемуваат колку што се зголемува рандманот.
Според министерот, две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена.
-Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. Денеска се разговараше за квалитетот, производната цена и иднината на македонскиот ориз. Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти, со напомена дека ова се цени на кои колку рандманот се зголемува така и цената ќе биде зголемена. Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви. Kако што веќе потенциравме, оваа мерка претставува гаранција за нашите оризопроизводители, нагласува министерот.
На средбата присуствуваше и директорот на Државен инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев.
Ново на Сител
-
Мицкоски домаќин на шефицата на Европската комисија Усрула Фон Дер Лајен
-
Во МНР средба на македонско-бугарската историска комисија
-
ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да ја поддржи визијата на премиерот Мицкоски
-
Таравари очекува мерки и за лекарите во клиниката Козле
-
Здравствените работници се вакцинираат против сезонски грип
-
Информатичките науки столб за секој бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов