Построги казни за непочитување на мерките во Бугарија
Бугарија ќе ги казнува луѓето кои не ја почитуваат обврската за физичко дистанцирање и носење заштитни маски на јавни и затворени места, најави денеска бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев.
Тој истакна дека поради зголемување на бројот на нови случаи со коронавирус, вонредната епидемиолошка ситуација ќе биде продолжена до крајот на месецов, со цел Владата да може пофлексибилно да издава посебни налози доколку е потребно.
Ананиев ги повика локалните власти да спроведат епидемиолошки мерки и да ги ограничат јавните собири, истакнувајќи дека казните за непочитување на мерките ќе бидат построги.
Во Бугарија се укинати речиси сите рестриктивни мерки за спречување на Ковид-19, со цел економијата повторно да заживее и засега не се планира ново затворање.
Во земјата досега се регистрирани 5.740 заразени и 246 смртни случаи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
