Потпишан Меморандум за соработка меѓу МОН и Универзитет на ЈИЕ

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика денеска потпишаа Меморандум за соработка.
- Министерството за образование и наука и Универзитетот на Југоисточна Европа пронајдоа области од заеднички интерес и желба за понатамошно продлабочување на соработката во постдипломско образование. Министерството ја потврдува својата подготвеност за поддршка преку стипендирање на примените студенти на заедничката програма по Европски студии во соработка со Универзитетот на Љубљана, односно Факултетот за општествени науки во областа на Европските студии, соопшти МОН.
Министерот Лутфиу истакнал дека Македонија и регионот претендираат да се дел од ЕУ, а образовните институции се оние кои промовираат европски вредности, односно на студентите преку сличните програми им овозможуваат постигнување на своите цели.
На потпишувањето на Меморандумот присуствувал и министерот за образование на Косово Арсим Бајрами.
Ново на Сител
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
-

Папата Лав Четиринаесетти ја осуди ескалацијата на војната во Украина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
