Потпишување договор за изградба на фотонапонската електрана „Осломеј“
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ќе присуствува и ќе се обрати на потпишувањето договор за изградба на фотонапонската електрана „Осломеј“.
Договорот во Медија-центарот на Владата ќе го потпишат Васко Ковачевски, генерален директор на Електронстпанство на Северна Македонија (ЕСМ), и Мухитин Бехиџ Харманли, претседател на Одборот на директори на „Гирисим Електрик” – компанијата изведувач од Турција.
Проектот фотонапонската електрана „Осломеј“ е дел од стратегијата на ЕСМ за менување на начинот на производството на електрична енергија односно зголемено искористување на обновливите извори на енергија на сметка на фосилните горива.
Изградбата на електраната е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето.
Таа ќе се гради на јаловиштето на некогашниот рудник за јаглен, што ќе овозможи корисна повторна употреба на неискористената индустриска земја, на веќе постојниот рудник во околината на РЕК „Осломеј“, на 15 хектари земјиште.
Ново на Сител
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице
-
Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија
-
Престрелка во Скопје, едно лице застрелано