Потпретседателот на САД денеска ќе пристигне во Белград

Потпреседателот на САД Џозеф Бајден денеска ќе допатува во Белград, каде ќе разговара со српскиот државен врв, а аналитичарите оценуваат дека станува збор за многу значајна посета, по повод поддршката на европскиот пат на Србија и реформскиот курс на Владата на Александар Вучиќ.
Се очекува потпретседателот на САД да пристигне во текот на денот, а на аеродромот „Никола Тесла“ ќе го пречека министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, јавува Танјуг.
Свечениот пречек е предвиден во Палата Србија, денеска попладне, каде ќе го дочека премиерот Александар Вучиќ.
По разговорот на двете делегации, па одделната средба на Вучиќ и Бајден зад затворени врати, српскиот премиер и потпретседателот на САД ќе одржат прес-конференција.
Бајден ќе оствари средба и со претседателот на Србија Томислав Николиќ.
Според неофицијални информации, Бајден доаѓа заедно со сопругата, како и делегација кој е составена од повеќе од 400 луѓе.
За време на неговата посета во Белград во сила ќе бидат сите неопходни безбедносни мерки, кои се веќе видени за време на претходната, првата посета на Бајден во Србија во 2009 година.
По Белград, Бајден ќе отпатува во официјална посета на Косово.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
