Преживеаните наведуваат дека авионот пред падот се тресел и се слушнал „ужасен звук“.
„Авионот летал под косина. Се беше како на филм: луѓето викаа, врескаа и плачеа“, рече една преживеана патничка за Тенгринњуз, додавајќи дека слушнала ужасен звук“ пред авионот да почне да ја губи висината, пренесува Ројтерс.
Уште еден преживеан, бизнисменот Аслан Назарлиев, рече за списанието Времиа дека авионот почнал да се тресе додека добивал надморска височина на околу 2 минути по полетувањето, пренесува Блиц.
„Во некој момент почнавме да паѓаме, не вертикално, туку под агол. Изгледаше како да е изгубена контролата над авионот“, рече тој.
Авионот „Фокер 100“ тргнал кон престолнината на Казахстан, Нурсултан, кога изгубил височина при полетувањето поради што прво ја пробил бетонската ограда па удрил во зграда.
Компанијата „Бек ер“, која е сопственик на леталото кое се урнало, има флота од 100 авиони. Комитетот за Цивилна авијација соопшти дека ги суспендираат сите летови на авионите „Фокер 100“ додека трае истрагата.
Авионот кој денеска се урна е стар 23 години. Произведувачот на авиони поднесе барање за банкрот во 1996 година, а производството е стопирано 10 години подоцна.

