Балкан
29. December 2020 - 13:54

Потресот од Хрватска почувствуван и во Република Српска

Земјотресот со јачина од 6.3 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Хрватска се почувствувал и во Република Српска.

Поради потресот беше прекината и прес-конференцијата на градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ.

„Луѓе, ова е земјотрес, и тоа сериозен земјотрес“, вели Станивуковиќ, додека сите панично излегуваат од просторијата каде се одржуваше прес-конеференцијата.