Повардарие времено го прекинува откупот
Винарската визба Повардарие од Неготино соопшти дека денеска и во наредните два дена нема да откупува грозје.
Причина за прекин на откупот, според винарницата, е пренатрупаноста со грозје и големата редица трактори кои чекаат да бидат истоварени.
- Тоа не значи дека нема да биде примено грозјето кое во моментов чека да биде примено. Се работи за околу1,5 милион килограми кое се наоѓа во долгата редица трактори пред винаријата. Бидејќи нашите капацитети за преработка се ограничени, мораме да го примиме и преработиме веќе собраниот род. Препорачуваме да не се берат дополнителни количини за да нема непотребни гужви и долги редици со трактори, рекоа од Повардарие.
Прекинот на откупот се однесува на сите откупни пунктови. Повардарие нагласи дека е меѓу ретките визби, можеби и единствена која се уште откупува грозје.
По времениот застој од три дена, откупот ќе продолжи.
Ново на Сител
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес