Поведена постапка за кривично дело „полов напад врз дете“ во Прилеп

Основното јавно обвинителство – Прилеп поведе постапка против едно лице, на возраст од 70 години за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ кое не наполнило 14 години.
- Постапувајќи по кривична пријава поднесена од МВР ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство – Прилеп поведе постапка против едно лице, на возраст од 70 години за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик, затоа што на точно неутврдени датуми во повеќе наврати, од почетокот на 2016 година па до почетокот на месец април 2016 година, заради задоволување на полови страсти, а искористувајќи блиски семејни прилики, извршил полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на РМ.
Против осомничениот надлежниот јавен обвинител, како што се додава во соопштението, поднел предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп.
Ново на Сител
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
