Поведена постапка за обид за убиство за 60-годишно лице од Богданци

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на 60-годишна возраст од Богданци поради постоење на основано сомневање дека сторилo кривично дело – убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, на 11-ти октомври околу 20:30 часот откако претходно се довел во состојба на пијанство во која бил под дејство на алкохол од 2,97 промили во крвта, со умисла се обидел да лиши од живот на свиреп начин едно лице.
-Жртвата дошла во куќата на осомничениот околу 16:00 часот и двајцата заедно консумирале алкохол. Околу 20:30 часот осомничениот го нападнал оштетениот со тупаница, удирајќи го во пределот на главата. Откако оштетениот паднал на земја, осомничениот зел дрвен стол и со истиот неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата, причинувајќи му интензивни болки и страдања, со што му нанесол тешки телесни повреди и го довел во животно загрозувачка состојба, стои во соопштението.
Ценејќи дека се исполнети законските претпоставки, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ако поскапувањето на горивата продолжи, ќе се намали ДДВ-то
-

Нов протест на струмичките земјоделци, бараат почитување на договорените цени за „ајварката“
-

Мицкоски за изјавата на Јотова: Не навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век
-

Кос: Мора да се промени начинот на проширување на Европската Унија
-

Одбраната го оспорува градежното вештачење за „Пулс“
-

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
