Повеќе болни и изнемоштени гласаа во Тиквешко, споредено со првиот круг од претседателските избори
Без проблем гласаа болните и изнемоштените во четирите општини од Тиквешијата, информираа претседателите на општинските изборни комисии. Нивниот број е поголем отколку во првиот круг од претседателските избори.
Во Кавадарци гласаа 78 болни и изнемоштени, наспроти 55 во првиот круг. Во избирачкиот список се запишани 32.151 лица со право на глас, а утре ќе се гласа на 60 избирачки места.
Во Неготино своето право на глас го остварија 66 лица со право на глас, 22 повеќе од првиот круг. Утре ќе се гласа на 28 избирачки места, а во избирачкиот список се запишани 15.821 избирачи.
Вкупно четириесет и четири болни и изнемоштени гласаа денеска во Демир Капија, 11 повеќе од првиот круг. Утре 11 избирачки места ќе бидат отворени во Демир Капија за 3.331 лице.
Во Росоман согласно Избирачкиот список се евидентирани 3.358 граѓани со право на глас, на 10 избирачки места. Денеска гласаа 29 болни и изнемоштени избирачи со право на глас, а во првиот круг своето право на гласање го искористија 13 лица.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар