Повеќе инциденти синоќа во Тиквешко

Физички напади и нарушување на јавен ред и мир се дел од инцидентите во Тиквешијата кои биле пријавени синоќа и рано утринава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Во полициската станица во Кавадарци, вчера во 20:20 часот било пријавено дека на излез од градот, кај „Полигон 15 Јануари“, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу З.Р од Кавадарци и К.К. од Неготино. Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што констатирале дека К.К. бил под дејство на алкохол. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во 20:25 часот, З.Р., на возраст од 43 години од демиркаписко село, на полициски службеници од полициската станица во Неготино им пријавил дека бил физички нападнат од страна на К.К, 34-годишно лице од Неготино, додека во 20:30 часот во полициската станица во Кавадарци било пријавено дека во близина на основно училиште во градот, лицата Н.Н.(23), неговата мајка Д.Н. (47) и неговата братучетка И.В. (30), сите од Росоман, биле физички нападнати од страна на неколку лица.
Рано утрово во 02:30 часот во полициската станица во Кавадарци, С.П., на возраст од 47 години, пријавил дека во дворот од семејната куќа во кавадаречко село, дошле лицата А.Ѓ и В. С. од Кавадарци и физички го нападнале.
Денеска во 04:20 часот, од страна на полициски службеници од ОВР - Неготино, на градскиот плоштад во градот, било затекнато лицето Ј.Н., на возраст од 22 години од Неготино, кое, во видно алкохолизирана состојба, го нарушило јавниот ред и мир.
Од Миистерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
-

Советот на Град Скопје донесе одлука за намалување на бројот на предвидените нови вработувања во јавните претпријатија и установи
-

Од денеска до 5 октомври пријавување за субвенциониран студентски оброк
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
